На северниот дел од прилепскиот крај, на 30 километри оддалеченост од „Марковите кули“, се наоѓа едно мало селце Стровија, кое гордо ѝ вели „СТОП“ на големата Пелагонија и претставува ’иљач‘ за секакви болести.
Се наоѓа во претежно планински предел на надморска височина од 700 – 800 метри, додека рамничарските терени ги има само покрај течението на реката „Строшка“.
Тоа не е многу големо село, има околу триесетина жители, но прекрасната планина, бисерната река и разновидната дивина, го занемаруваат тој проблем и како да нудат вистинско сценарио за снимање нов филм за дивото дете Могли, секојдневно потсетуваат дека прекарот „Воздушна бања“ не бадијала одекнува од устата на секој посетител.

Некој ќе рече: „Ех, тешко на селаните“, но верувајте дека тие живеат многу поинтересен и поздрав живот од оние кои секојдневно се отпоздравуваат со семафорите и фабриките.
Имавме можност да позборуваме со неколку селани, кои без никакво двоумење ги оставија своите мотики и трактори, и со невидена страст започнаа да раскажуваат приказни за селото, за дружбите, за славите, обичаите, седенките, игранките на сред село... сите оние работи кои оставиле силни белези во нивните сеќавања, но и длабоки рани во нивните срца.
„Сите мечтаеме по минатото и се молиме за иднината, но од друга страна пак, доколку живееја премногу луѓе на ова место, и ’воздушната бања‘ ќе беше загадена, нели?!“, си се тешат постарите стровци.

Планината Даутица им значи се' на светот, иако сите присилно замижуваат кога ќе го слушнат звукот на товарените камиони и мирисот на свежо исечените борови, со кои дрвокрадците веќе со години ги полнат своите џебови.
Но ете, приказната сепак не е толку црна. Секој строшец може слободно да си излезе на прошетка или да освои некој планински врв, да си набере печурки, чаеви, да си насади бавча, тутун или пак да улови некое диво свинче. Едноставно, сето она што е потребно за убав селски живот, таму е дозволено.

„Селскиот живот не е толку лесен како што изгледа, но и не е толку тежок за да се проколнува. Си обработуваме бавчи, садиме тутун, одгледуваме добиток, но најисплатлива сезонска работа се покажа берењето печурки од сортата ’Врган‘, кои откако ги сушиме, потоа скапо ги продаваме“, вели Трајан Кузманоски, додека со пивце си ја одмораше душата пред селската кооперација.
Во околината на селото се наоѓа прекрасниот манастир „Св.Илија“, каде што секоја година на 2 август, се слави селската слава „Илинден“ и доаѓа многу народ од цела Македонија.

Поради малиот број на деца, основното училиште сега е претворено во планинарски дом „Стровија“, во кој за многу малку пари може да се преноќи и да се ужива во нотите на селската тишина.
Црквата „Св.Недела“ е секогаш интересна за посета. Кога не постоел планинарскиот дом, планинарите и туристите обично преспивале во нејзините конаци. Недалеку од црквата, постои и едно место каде што реката има интересно слевање во една издлабнета карпа. Жителите на селото, ова место го нарекуваат ’таму каде што мечката го бањала мечето‘.

Доколку овој текст ве охрабри и вие да го почувствувате она што накратко ви го опишавме, тогаш ’бујрум‘, таму секогаш ќе бидете топло пречекани и добро прошетани. А доколку сте отидени со намера да планинарите, тогаш врвовите Клепало, Тињи и Бобеш, нека ви бидат првите цели, а доколку само сакате да почувствувате селска атмосфера и историски обележја, тогаш гробот „Јанин Гроб“, каменот „Пупуле“, чешмата „Петочница“ и речното корито „Бриони“, нека ви претставуваат задоволство што и вие ја пронајдовте убавината на животот токму во природата.
Автор: Мартин Богатиноски