Се појавија снимки: Дали е ова најочекуваниот телефон за оваа година?

Точка

12/03/2013

11:14

5.203

Големина на фонт

а а а

На интернет се појавија видео снимки од најновиот Galaxy S4, кој се очекува да биде еден од главните фаворити во конкуренција за телефон на годината.

Со оглед на тоа дека претходните два модели од „S“ серијата на Самсунг, Galaxy S2 и Galaxy S3 беа прогласени за телефони на годината во 2011 и 2012 година, со големо нетрпение се очекува претставувањето на најновиот од серија S на Самсунг.

Од компанијата ќе го претстават својот нов телефон на прес конференција во четврток, а според некои информации очекувањата се дека ќе бидат продадени преку сто милиони апарати. Досега излегоа многубројни информации околу карактеристики на најновиот производ од Самсунг, а последно нешто се сликите кои се појавија на некои кинески форуми, кои покажаа дека според дизајнот, овој телефон нема премногу да се разликува од својот претходник.

Речиси сигурно е дека овој телефон ќе го краси поголем екран, односно во дијагонала 5 инчи, со резолуција од 1920-1080 пиксели. Иако екранот ќе биде поголем, неговата обвивка се очекува да биде смалена, па така не се очекуваат големи разлики во однос на вкупните димензии на телефонот.



Што се однесува до хардверските карактеристики, S4 би требало да има моќен Exynos Octa процесор, 2 GB RAM, како и камера со резолуција од 13 MP, а како и сите модели досега ќе работи на оперативниот систем Android, односно неговата последна верзија 4.2.1.

Еден од софтверските новитети кои Самсунг ги подготви на својот нов изум, е следењето на погледот на корисникот со помош на камери кои ќе бидат поставени на предната страна на телефонот, и со тоа да овозможат телефонот сам да ги прелистува страните кога ќе забележи дека погледот на корисникот е на дното од екранот.

Останатите новитети од Самсунг ќе ги дознаеме наскоро, кога од компанијата и официјално ќе го претстават телефонот, а до тогаш погледнете ги двата видео записи со кои од Самсунг го најавуваат својот телефон.