Нова опција на "Tinder": За некои контроверзна – што мислите вие?

Точка

07/06/2025

11:38

845

Големина на фонт

а а а

"Tinder" е една од најпопуларните апликации за запознавање, но новата функција што ја тестира предизвика поделени реакции кај корисниците.

Имено, "Tinder" тестира можност која ќе им овозможи на корисниците со платени профили да внесат свои преференци во однос на висината на потенцијалните партнери.

Откако еден корисник на "Reddit" објави фотографија од новата опција во апликацијата, портпарол на "Tinder" потврди за "TechCrunch" дека оваа функција навистина е започната како глобален тест.


Корисниците на "Tinder Gold" и "Premium" кои се дел од тест-групата ќе имаат пристап до оваа опција, додека бесплатните корисници нема да можат да ја користат. Исто така, оваа преференца ќе „служи само како насока“ – што значи дека нема автоматски да ги блокира или исклучи профилите, туку само ќе влијае на препораките што ги добивате.

Додека повеќето апликации за запознавање дозволуваат филтрирање според традиционални критериуми како години, желба за сериозна врска или деца, опцијата за висина веројатно ќе предизвика повеќе контроверзии и дебати.


Уште од појавата на онлајн-дејтингот, физичките карактеристики како изгледот или телесната градба станаа клучни фактори во одредувањето со кого ќе се „врзете“.

"Tinder" дополнително го забрза овој тренд со својот кориснички интерфејс кој става силен фокус на фотографиите, па корисниците често носат инстант одлуки со лизгање налево или надесно – зависно од (не)заинтересираноста.