Отпуштања поради вештачка интелигенција: Работните места најзагрозени во индустријата

Точка

06/06/2025

09:50

654

Големина на фонт

а а а

Вештачката интелигенција (AI) сè повеќе се користи во германската економија, поради што 27,1 отсто од компаниите очекуваат отпуштања во следните пет години, покажува анкета на економскиот институт "IFO".

Најголем број отпуштања, дури 37,3 отсто, се очекуваат во индустрискиот сектор – најважната гранка на германската економија. Во трговијата, речиси 30 отсто од компаниите предвидуваат укинување на работни места поради воведување на "AI", пренесува агенцијата "DPA".

Сепак, две третини од анкетираните компании не очекуваат промени во бројот на вработени, а нешто повеќе од пет отсто дури навеле дека со помош на вештачката интелигенција планираат да вработат повеќе луѓе.


Според економистите од Минхен, "AI" нема да има непосредно влијание врз германскиот пазар на трудот во блиска иднина.

„Во моментот, компаниите истражуваат во кои области AI може да донесе добивки во продуктивноста. Ќе поминат уште неколку години додека тоа се преточи во мерливи ефекти на пазарот на труд“, изјави претседателот на "IFO" институтот, Клеменс Фуст.


И покрај веќе тригодишната стагнација на германската економија, многу компании и натаму очајно бараат квалификувани работници.

Се очекува дека недостигот од стручна работна сила дополнително ќе се влоши во следните години, кога генерацијата на бејби-бумерите ќе се пензионира и ќе излезе од пазарот на труд.


Шефот на истражување при 'IFO", Клаус Волрабе, посочи дека предизвикот ќе биде продуктивноста добиена преку "AI" да се претвори во општо благосостојба, без да се создадат потреси во одредени професии.