"YouTube Music" од ноември 2024 година тестира редизајн на екранот „Now Playing“, но новата верзија сè уште не е официјално пуштена во употреба.
Најновата промена се однесува на преместувањето на копчињата за „лајк“ и „дислајк“.
Во споредба со дизајнот од 2023 година, контролниот панел со копчињата за пуштање/паузирање, следна/претходна песна, случајно пуштање и повторување, сега се наоѓа под името на песната и изведувачот.
Временската линија останува во центарот на екранот, но е редизајнирана за да личи на главната "YouTube" апликација. На дното се наоѓа вртелешката со различни опции.
New thumbs up/down area
byu/crabshit91 inYoutubeMusic
Предноста на овој нов распоред е тоа што вртелешката сега може да прикаже повеќе опции одеднаш – како што се Коментари, Зачувај, Видео, Сподели и Преземи, без потреба од скролање (во зависност од големината на екранот).
Овој редизајн на екранот „Now Playing“ е интензивно A/B тестиран последниве месеци, па останува да се види кога и во каква финална верзија ќе биде глобално имплементиран.