Прстени со кои што "се залажаа" селебрити убавиците!

Точка

29/01/2013

21:47

10.102

Големина на фонт

а а а

Очигледно е дека дијамантите се најголемата љубов на жената. Па има ли подобар начин да ја искажете вашата љубов кон неа, од прекрасен, голем и неколку каратен дијамант?

Секој пат кога познат Холивудски пар ќе го каже магичниот збор “да“, првото прашање што се поставува е “каков свршенички прстен добила среќната девојка?“.

Токму затоа, во продолжение погледнете ја листата на досега најубавите свршенички прстени на славните парови.

Џенифер Гарнер и Бен Афлек

Актерот, сега веќе и наградуван режисер, ја овековечи својата љубов кон сопругата Џенифер, со прстен од 4.5 карати.



Бионсе и Џеј Зи

Џеј Зи, веќе знаеше дека “доколку му се допадне треба да и стави само прстен“ на Бијонсе, но очигледно неговата љубов била поголема од тоа. Па така, неговата сопруга може да се пофали со дијамантски прстен од 18 карати.



Анџелина Џоли и Бред Пит

Откако седум години беа во врска, Бред очигледно сакал да ја озакони нивната врска. Затоа Анџелина добила специјално дизајниран, 18 каратен, дијамантски прстен од Робер Прокоп.



Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс

Нивната љубов се родила многу брзо и очигледно била сериозна. Но иако целата свршувачка и свадба биле тајна, невозможно е да се скрие совршениот дијамантски прстен од Лорејн Шварц.



Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик

Можеби успехот на долгогодишниот брак на овој холивудски пар лежи токму во прекрасниот дијамантски прстен, од жолто злато на Сара.



Хајди Клум и Сил

Иако нивниот брак заврши во 2012 година, Хајди секогаш ќе ужива во нејзиниот 10 каратен жолт дијамантски прстен, кој Сил и го подарил на врвот на глечер.



Џесика Бил и Џастин Тимберлејк

Џастин ја покажа својата љубов кон долгогодишната девојка Џесика, со прекрасен старински шест каратен дијамантски прстен.



Викторија Бекам и Дејвид Бекам

Еден од најпосакуваните фудбалери на денешницата, скрши многу женски срца кога ја побара за жена познатата “спајсица“, уште повеќе кога и го даде и огромниот украсен дијамантски прстен.



Кејти Холмс и Том Круз

Нивниот брак не траеше долго, но затоа овој прекрасен, овален, пет каратен дијамантски прстен, ќе трае засекогаш.



Кејт Миделтон и Принц Вилијам
Ова е еден од најпознатите дијамантски прстени на светот. Тој е наследство од покојната принцеза Дајана и е 18 каратен сафир дијамант, кој сега го носи новата принцеза на Британија.



Џенифер Анистон и Џастин Терокс

За својот 41 роденден, Џастин реши да си подари спектакуларен подарок – ја побара за жена Џенифер, со огромен дијамантски камен.



Порша де Роси и Елен Деџенерс

Елен ја запросила својата девојка во 2008 година, откако успешно “удомиле“ златна рипка. Да ја прифати нејзината понуда, на Порша и помогна три каратниот дијамантски прстен од Нил Лејн.



Кели Кларксон и Брендон Блексток

Неодамна, Кели ја прифати понудата за брак на своето момче, откако го виде прекрасниот жолт дијамантски прстен.



Гвен Стефани и Гевин Росдејл

Гевин убаво ја познава жената што ја сака, па знаел дека таа мора да има уникатен додаток на “љубовниот“ прст. Па затоа, пред да ја побара за жена во 2002 година, дизајнирал прекрасен, златен и уникатен дијамантски прстен.



Жизел Бундхен и Том Брејди

Прекрасниот пар ја официјализираше својата врска преку совршениот четири каратен дијамантски прстен.



Брук Шилдс и Крис Хенчи

Не е ни чудо што овој пар се во среќен брак повеќе од една деценија. Кој не би бил, ако го има овој стар дијамантски пртен од платина и злато од Нил Лејн.



Гвинет Палтроу и Крис Мартин

Фронтменот на Колдплеј ја искажа својата љубов кон холивудската актерка преку овој квадратен дијамантски прстен.



Риси Витерспун и Џим Тот

Џим знаел како да го одбележи своето место во срцето на Риси, па затоа и го подарил овој четири каратен дијамантски прстен.



Мараја Кери и Ник Кенон

Можеби е помлад од музичката дива, но годините ги надополнил со 15 каратниот дијамантски прстен, кој и го подарил на Мараја.



Шарлин Витсток и Принц Алберт IIод Монако

Како што и прилега на една принцеза, Алберт избрал прекрасен дијамантски прстен во облик на крушка.



Селма Хаек и Франсис Хенри-Пиналт

Кога сопругот е директор на успешна компанија, не ни може да се очекува нешто помалку од прекрасен, овален дијамантски прстен.



Миранда Кер и Орландо Блум

Освен со љубовта, познатиот модел се фали и со дводелниот дијамантски прстен, подарок од нејзиниот сопруг.



Никол Кидман и Кит Урбан

Двојката е во среќен брак, откако Кит и предложи брак на Никол со дијамантскиот прстен на Картие.



Сандра Булок и Џеси Џејмс

И овој брак е завршен, но не е завршен сјајот на овој блескав дијамант на Нил Лејн.



Елизабет Тејлор и Мајкл Вилдинг

Мајкл петгодишниот брак со прекрасната Елизабет го започна со сафирниот дијамантски прстен.