Ријалити ѕвездата останала без нога: Инфекцијата го зела данокот

Точка

25/04/2025

17:16

1.266

Големина на фонт

а а а

На ѕвездата од ријалити шоуто „RuPaul’s Drag Race“, Џигли Калиенте, ѝ била ампутирана десната нога поради тешка инфекција, соопшти нејзиното семејство.

Калиенте, позната како Бјанка Кастро, била итно хоспитализиран поради тешка инфекција, а за жал, лекарите морале да ѝ ампутираат поголемиот дел од десната нога.


Семејствто извести дека Кастро нема да се врати во улога на судија во следната сезона на „Drag Race Philippines“, ниту пак ќе учествува во „какви било јавни ангажмани во догледна иднина“.

Во четврток, на 24 април, семејството сподели многу загрижувачката вест за здравствената состојба на Бјанка, а многу нејзини колеги ѝ испратија пораки со поддршка.

„Ја молиме јавноста за приватност, а сите кои ја сакаат да ѝ испратат пораки со поддршка на социјалните мрежи“, порача семејството на Бјанка.


Инаку четириесетгодишната Калиенте, која се здоби со слава во четвртата сезона на популарното ријалити шоу, моментално закрепнува во својот дом.