[ВИДЕО] Сергеј Варошлија: Радмила Шекеринска лично ми се јави кога ја критикував!

Точка

19/11/2026

15:21

1.080

Големина на фонт

а а а

Без влакна на јазикот, Сергеј Варошлија во последната епизода на „Нешто конкретно“ откри дека сè уште води судски спорови со одредени луѓе поради дадени модни критики, но и дека лично му се јавила Радмила Шекеринска откако била предмет на негова критика, на почетокот на нејзината политичка кариера.

Што ќе кажат луѓето? Беше темата во најновата епизода на „Нешто конкретно“ каде покрај Сергеј Варошлија гостуваа и Љупка Митрова, Жаре Бербер и Елена Реи.

Дизајнерката и инфлуенцер Љупка Митрова проговори за негативните коментари на социјалните мрежи, провокативните фотографии и непризнавањето од дизајнерската фела. Како што вели, поддршката од нејзините клиенти е многу поважна од мислењето на фелата.

А во однос на нејзините провокативни фотографии на инстаграм таа рече:”Сите велат ете сама провоцира па сама си добива негативни коментари но немам проблем со тоа, јас си добивам во животот што сакам”- изјави Љупка.

„Сега се покрива со ќебе“, се надоврза Жаре Бербер, кој откри и зошто својот приватен живот го држи подалеку од јавноста. Со над 250 проекти годишно, за него прифаќањето од публиката е најголемата потврда за неговиот квалитет, без оглед на тоа што мисли музичката фела со оглед на тоа што од бербер станал пејач


Манкенката светска кариера Елена Реи, пак, раскажа за својата необична средба со светски познатиот моден дизајнер Џорџо Армани, кој, според неа, не ја прифатил најдобро нејзината рамнодушност кон неговата популарност.

Во епизодата се отвори и дискусијата:Дали гостите се црни овци во своите семејства или, пак, носители на промени и семејни револуции?

Сергеј призна дека неговите понекогаш требало да му кажат да се упристои, додека Жаре Бербер дури и се навреди кога водителката го праша дали се доживува како црна овца во семејството. Сепак, разговорот откри дека зад нивната неконвенционалност стојат семејства кои ја поддржуваат нивната различност.