[ФОТО] Момче (11) направило неверојатен риболовен подвиг: По голема борба уловило морско чудовиште тешко 97 килограми

Точка

19/11/2026

19:20

236

Големина на фонт

а а а

Единаесетгодишно момче направило вистински подвиг, откако уловило ража тешка импресивни 97 килограми, пренесе „Дејли мејл“.

Ив Грент уживал во риболов со својот татко Стив и водичот Мајкл Хана, во близина на градот Обан, во северозападниот дел на Шкотска, кога нешто силно се закачило на јадицата.

Ражата ја вратиле во морето

Ражата потоа повлекла околу 137 метри риболовен конец, по што следувала борба која траела повеќе од еден час.

На крајот, момчето успеало да ја извлече огромната риба на брегот. Таа била долга околу 193 сантиметри и широка околу 168 сантиметри.

Откако ја ослободиле од јадицата и ја фотографирале, ражата ја вратиле во морето.

Официјалниот британски рекорд за најголема ража уловена од брегот изнесува 76,8 килограми и останува непроменет веќе 32 години.

Се верува дека уловот на 11-годишното момче е еден од најголемите што некогаш ги остварило дете, иако во Велика Британија не постои единствена национална евиденција за јуниорски рекорди во оваа категорија.

„Момчето не се откажуваше“

Таткото Стив Грент, кој потекнува од градот Елгин во Шкотска, раскажал како изгледал моментот кога рибата ја гризнала мамката.

„Ив го фрли риболовниот стап што го доби и чекавме околу 40 минути. А потоа макарата почна да го одмотува конецот со неверојатна брзина“, изјавил тој.


Тој додал дека момчето било пресреќно по уловот, иако рацете го болеле од борбата што траела повеќе од еден час.

Водичот Мајкл Хана ги пофалил неговата упорност и издржливост.

„Момчето не се откажуваше. Ова е големо достигнување за некој толку млад. Не знам дали во скоро време некој ќе успее да го надмине ваквиот улов“, изјавил Хана.

Фото: Дејли мејл