[ВИДЕО] „Те почувствував уште од првото чукање на срцето“: Македонските фитнес тренери Софија и Марио го открија полот на бебето

Точка

18/11/2026

15:46

896

Големина на фонт

а а а

Македонските фитнес тренери Софија Манчева и Марио Јовановски споделија прекрасно видео на Инстаграм, со кое со своите следбеници ја споделија радосната вест за полот на бебенцето што го очекуваат.

Идните родители приредија слатко изненадување со торта, чија внатрешност ја криеше најважната информација – дали нивното прво дете ќе биде момче или девојче.

Откако ја пресекоа тортата, синиот фил ја откри убавата вест: Софија и Марио наскоро ќе станат родители на момче.

И двајцата не ја криеја возбудата, а покрај видеото Софија сподели и емотивна порака: „Никој не можеше да ме убеди во спротивното. Те почувствував уште од твоето прво чукање на срцето“, напиша таа.


За потсетување, македонските фитнес тренери кои веќе извесен период живеат и работат во Дубаи, минатиот месец ја споделија среќната вест со своите следбеници на социјалните мрежи, и тоа на особено емотивен и симпатичен начин.

Парот објави кратко видео на Инстаграм со кое откри дека нивното семејство наскоро ќе стане побогато за уште еден член. Снимката започнува со Софија и Марио на плажа во Дубаи, а потоа следуваат кадри од нивниот поткаст, во кој двајцата често отворено разговараат за животот, љубовта, заедничките планови и личните предизвици.


Токму во тој контекст, видеото добива уште поголемо значење, бидејќи пред неколку месеци Софија и Марио во својот поткаст зборуваа за едно од најважните животни прашања – дали се подготвени да станат родители.

Марио во поткастот вели: „Да дознаам утре дека си бремена ќе бидам најсреќен човек на свет“, а потоа Софија дополнува: „Дефинитивно да се остварам во улога на мајка и да имаме фамилија“.

„Најголемото поглавје од нашите животи започнува сега“, напишаа во описот.