[ВИДЕО] Џенифер Лопез јавно проговори за разводот од Бен Афлек: „Сакав да умрам, не сакав да станам од кревет“

Точка

18/11/2026

13:37

555

Големина на фонт

а а а

Пејачката се осврна и на своите претходни љубовни врски, признавајќи дека со години преминувала од една сериозна врска во друга.

Американската пејачка и актерка Џенифер Лопез отворено проговори за еден од најтешките периоди во нејзиниот живот, нејзиниот болен развод од актерот Бен Афлек и љубовните разочарувања што го обележаа нејзиното минато.

Најпосакуваната жена

Иако со години важеше за една од најуспешните и најпосакуваните жени во светската забавна индустрија, таа призна дека зад сјајот на славата и успешната кариера се криела голема емоционална борба.

Гостувајќи се во подкастот „Friends Keep Secrets“, Лопез се потсети на периодот по раскинувањето на бракот со Афлек, не криејќи колку целата ситуација ја погодила.

„Се чувствував толку лошо што немав сила ниту да станам од кревет. Сакав да умрам“, признала пејачката.

Сепак, како што објаснила, токму овој болен период ја принудил да се соочи со себе, со своите избори и со моделите на однесување што ги повторувала во љубовните врски со години.

„Со текот на времето, сфатив дека проблемот не е само во моите партнери, туку и во моделите на однесување што ги повторував. Морав да ги преиспитам сопствените одлуки и да научам да бидам среќна со себе“, изјавила Лопез.


Четири неуспешни бракови

Пејачката, исто така, се осврна на своите претходни љубовни врски, признавајќи дека со години се префрлала од една сериозна врска во друга, надевајќи се дека конечно го пронашла човекот со кого ќе го помине остатокот од животот.

„Постојано бев во сериозни врски, една по друга, барајќи ја вистинската и надевајќи се дека конечно ова е таа“, изјавила Лопез.

Пејачката зад себе има четири брака, а секој нов почеток носи надеж дека ќе ја пронајде стабилноста и љубовта што ја сака. Сепак, признава дека ѝ требало долго време да разбере дека среќата не може да зависи само од личноста со која е во врска.

Иако јавноста често замислува дека познатите личности се постојано опкружени со луѓе, Лопез тврди дека реалноста може да биде сосема поинаква.


„Долго време сум позната и се чувствував малку изгубена во светот. Тоа е осамен живот. Луѓето мислат дека секогаш си опкружен со други, но некако сепак си осамен“, признала таа.

Нејзините зборови повторно ја отворија приказната за љубовниот живот на жена која со години е под будното око на јавноста, а која денес, по бројни разочарувања, вели дека најважната лекција што морала да ја научи е како да пронајде мир и задоволство во сопствениот живот, без оглед на тоа дали има партнер покрај себе.