Беа неразделни 15 години, а денес не можат ни да се погледнат: „Моравме да ги изолираме зад сцената“

Точка

09/11/2026

16:11

828

Големина на фонт

а а а

Еден од најголемите модни настани во годината, ревијата на „Викторијас Сикрет“, се одржа на 18 октомври во Лос Анџелес, а деновиве во јавноста испливаа сведоштва за конфликт меѓу две манекенки зад сцената.

Како што тврдат извори, Џоан Смолс и Кендис Свонпул биле „изолирани една од друга зад сцената“.

Смолс и Свонпул биле „неразделни“ цели 15 години, но нивните односи во последно време се влошиле. Смолс наводно ја нарекла својата колешка „предавничка“ во коментарите на социјалните мрежи, откако еден обожавател ја прашал дали сè уште се пријателки, пишува „Пејџ сикс“.


Нивниот конфликт продолжил и за време на овогодишната ревија, а извори откриле дека организаторите однапред биле запознаени со тензиите меѓу манекенките.


„Сите во тимот однапред знаеја дека се скарале и дека Џоан нема ни да ѝ се приближи. Токму затоа нема да најдете ниту една нивна заедничка фотографија од ревијата“, додал изворот, кој се осврнал и на врската на Свонпул со играчот на американски фудбал Том Брејди.


Извори неодамна за „Пипл“ откриле дека Кендис и Том веќе извесно време се во врска. „И двајцата живеат во Мајами, што им е многу погодно. Поминуваат многу време заедно“, изјавил изворот, но наводно парот сè уште не е фотографиран заедно во јавноста, ниту пак јавно проговориле за својата врска.

Инаку Смолс претходно била во врска со Брејди, кого го запознала на забава во јули 2024 година. Романсата ја започнале приближно шест месеци по запознавањето, а биле заедно речиси една година, со повремени прекини.


Свонпул, наводно, во повеќе наврати се обидувала да стави крај на таа врска. Таа ја поттикнувала својата поранешна пријателка да го остави играчот на американски фудбал, кој претходно бил во брак со Жизел Бундшен, исто така поранешен ангел на „Викторијас Сикрет“.

Свонпул дури и ја тешела Смолс кога работите со Брејди тргнале наопаку. Меѓутоа, Кендис неодамна го запознала Брејди преку личност од модната индустрија. Извори претходно откриле дека парот е заедно од мај, како и дека Бундшен е среќна поради нивната врска.


Во меѓувреме, Смолс им порачала на своите пријатели да изберат страна.

„Сето ова е едноставно лудо и хаотично“, додал изворот.

Смолс алудирала на конфликтот коментирајќи објава на социјалните мрежи поврзана со нивната драма.

„Два збора: ’Summer House‘! Тоа ќе објасни сè“, напишала таа, мислејќи на популарното реално шоу, чија најнова сезона прикажа како се распаднало пријателството меѓу две учеснички, откако едната почнала тајно да се гледа со поранешното момче на другата.


Џоан, исто така, во посебна објава, која во меѓувреме била избришана, но ја забележал „Deuxmoi“, напишала дека „не постоел никаков кодекс на однесување меѓу пријателките“.

„Непочитувањето и безобѕирноста со кои се однесуваат кон тебе се едноставно незамисливи. Нема враќање назад. На некои луѓе им недостигаат скромност и морален компас. А начинот на кој манипулативно те наведуваат да се сомневаш во сопствената перцепција на реалноста, лажат и ги омаловажуваат твоите чувства – тоа е најлошиот можен удар по 15 години пријателство“, порачала таа.


Аманда Руиси, претставничката на Свонпул, претходно изјавила:

„Кендис отсекогаш била исклучително дискретна кога станува збор за нејзиниот приватен живот, а нејзиниот фокус останува на воспитувањето на децата. Таа и Џоан имаат долга заедничка историја и пријателство кое Кендис секогаш ќе го почитува“.


Свонпул има две деца со поранешниот свршеник, бразилскиот манекен Херман Николи. Од друга страна Брејди има две деца со Бундшен и едно дете со поранешната девојка, актерката Бриџит Мојнахан.