Кендал и Кајли Џенер предизвикаа лавина од коментари откако беше објавена снимка од нивниот бакнеж.
Семејството Кардашијан–Џенер никогаш не се воздржувало јавно да ги покажува своите емоции. Сепак, еден момент меѓу Кендал и Кајли Џенер ги натера обожавателите да се запрашаат дали овој пат претерале со блискоста.
Стара снимка на сестрите Џенер предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи. Целата расправа започна откако Клои Кардашијан сподели снимка од една приватна забава.
NEW | Kylie and Kendall Jenner via Khloe Kardashian (on instagram) https://t.co/ITLYofHMqL
— kkjenners.updates (@kkjennersupd) November 4, 2026
Мислењата на публиката се поделени. Додека едни сметаат дека станува збор за нешто сосема безопасно, на други целата сцена им била прилично непријатна.
„Ги обожавам овие две мали пингвинчиња“, напишала Клои на видеото пред да го објави на Инстаграм.

Снимката наводно настанала минатата година, на прославата на 30-от роденден на Кендал. На неа се гледа како Кендал ја прегрнува помладата сестра, а во еден момент почнува да инсистира на бакнеж:
„Бакни ме!“, извикала манекенката. Кајли на крајот се согласила и ја бакнала постарата сестра директно во уста.
Снимката со молскавична брзина се проширила на социјалните мрежи и завршила на Редит, ТикТок и Х. Многумина претпоставиле дека Кајли веројатно испила некоја чаша повеќе кога се согласила на ваков бакнеж.

„Оној момент кога Кајли Џенер толку многу ќе се напие што ќе ја бакне Кендал во уста“, напишал еден корисник покрај споделеното видео.
Еден корисник на мрежата X покрена вистинска дебата со прашањето: „Дали ова е... нормално?“.
„Во кој свет е ова нормално? Ова никако не е нормално“, гласел еден од коментарите.
„Нема шанси, апсолутно не“, се надоврзал друг корисник. „Целото тоа семејство е ненормално и им е потребна сериозна психијатриска помош ако мислат дека ова е во ред“.
„За сестри? Не е нормално. Но, за нивното семејство? За жал, е. Одамна се познати по несоодветното однесување“, додал трет корисник.









