[ВИДЕО] „Ајде, мече, браво, мече!“ Мече паднало во бунар, по што следувала драматична спасувачка акција: Марио и Дарио го ризикувале животот за да го спасат

Точка

04/11/2026

21:16

905

Големина на фонт

а а а

Необична спасувачка акција се одвивала неодамна, откако мало, едногодишно мече паднало во бунар. Неговата мајка се обидувала да го извлече копајќи ја земјата околу отворот, а кога тоа го забележале ловџиите Марио Зубчиќ и Дарио Властелиќ, решиле да му помогнат на младенчето, и покрај ризикот поради близината на мечката.

Сè се случило во Брибирската шума, на подрачјето на Машево во општината Винодол во Хрватска. Марио Зубчиќ, член на Ловечкото друштво Ричина Цриквеница, додека шетал низ шумата забележал мечка со младенче. Кога таа неволно се оддалечила, забележал дека земјата околу отворот на бунарот е целосно раскопана, поради што се посомневал дека нешто се случило.

Се покажало дека едно мече паднало во бунарот, додека неговата мајка упорно се обидувала да го избави. Копала околу отворот, но безуспешно. Ловците знаеле дека ситуацијата е ризична бидејќи мечката сè уште била во близина, но не се откажале од спасувањето.

Младенчето на почетокот не давало знаци на живот

Пронашле долга скала и ја спуштиле во бунарот.

Како што пишува „Tunera.info“, на почетокот младенчето не реагирало, веројатно поради студената вода во која му се вкочаниле мускулите. Сепак, набргу почнало да се качува и успеало да излезе на слобода.

„Ајде, мече, браво, мече“, се слушало додека пресреќните ловци го бодреле малото мече.