Доларот и другите традиционални валути ќе станат целосно непотребни со развојот на вештачката интелигенција и роботиката, а богатството наместо во пари ќе се мери во енергија и физички ресурси, изјави Илон Маск.
Во разговор со биографот Волтер Ајзаксон во поткастот „The Builders“, Маск истакна дека идната валута би можела да се изразува преку основни физички мерни единици како вати и тони, особено кога цивилизацијата ќе почне да населува други планети и кога расположливата енергија ќе стане клучен ресурс за опстанок.
Како Маск планира роботите да го решат американскиот долг?
Маск смета дека масовната автоматизација е единствениот реален начин за справување со огромниот американски јавен долг. Неговата пресметка се заснова на тоа дека роботите и напредните алгоритми драстично ќе го зголемат производството на стоки и услуги со значително помалку човечки труд.
Тој оценува дека финансиската криза не може да се реши само со намалување на државната потрошувачка, првенствено поради големиот политички отпор кон таквите мерки.

Зборувајќи за сопственото богатство, кое „Bloomberg“ го проценува на околу 921 милијарда долари, Маск очекува дека даночните закони во текот на следните генерации во голема мера ќе го намалат имотот на неговите наследници.
Поради тоа, планира неговата фондација да продолжи со вложувањата во одржлива енергија и ширење на човештвото надвор од Земјата, а најави и намера следната година на американските деца да им подари акции од компанијата „SpaceX“ во вредност поголема од 10 милијарди долари, пренесува „Telegraf.rs“.








