Почина познат актер на само 46 години: Им го позајмуваше гласот на ликовите што сите ги сакавме, позната е и причината за смртта

Точка

27/10/2026

15:18

864

Големина на фонт

а а а

Познатиот гласовен актер Ерик Бауза, кој им го позајмуваше гласот на некои од најпознатите јунаци од цртаните филмови „Looney Tunes“, почина на 46-годишна возраст.

Неговото семејство објави на „Instagram“ дека актерот починал ненадејно. Во текот на кариерата, Бауза им го позајмуваше гласот на бројни легендарни анимирани ликови, меѓу кои Душко Долгоушко, Пајо Паторот и Прасето Порки.

Позната е причината за смртта

Како што наведува списанието „Variety“, причината за смртта била хипертензивна кардиоваскуларна болест. Бауза починал во неделата во својот дом. До самиот крај бил професионално активен. Им го позајмувал гласот на бројни ликови во анимираниот филм „Coyote vs. Acme“, а се појавил и во неодамна објавениот филм „Forgotten Island“.


Пораснал со јунаците на кои подоцна ќе им го позајмува гласот

Ерик Бауза е роден во Онтарио, во семејство со филипинско потекло. Уште како дете бил голем љубител на цртаните филмови „Looney Tunes“, а особено сакал да ги имитира гласовите на познатите јунаци.

Она што тогаш било детска забава, години подоцна се претворило во успешна кариера, во текот на која станал еден од препознатливите гласови на новата генерација на овие култни цртани ликови.


Колегите се простуваат од него

Од актерот се прости и претседателката на „Warner Bros. Television Group“, Ченинг Данџи, која истакна дека Бауза бил единствен гласовен уметник чиј талент им носел радост и смеа на милиони луѓе низ светот.

Бауза своевремено зборувал дека можноста да го продолжи наследството на легендарните јунаци од „Looney Tunes“ претставувала една од најголемите чести во неговиот живот.