[ВИДЕО/ФОТО] Димитриј добил 73 деца со 9 заробенички: Се криеле 19 години, а потоа преку ноќ одлучил да побегне

Точка

26/10/2026

11:17

745

Големина на фонт

а а а

Мистериозната приказна за Димитриј Божников, кој 19 години живеел во планина со девет Јапонки и добил 73 деца, и понатаму предизвикува шок и отвора прашања.

Судбината на Русинот Димитриј Божников веќе со децении кружи низ Русија, Кина и Јапонија како една од оние приказни што звучат речиси неверојатно. Се пренесува од колено на колено, предизвикувајќи шок, неверување и бројни прашања на кои ниту денес нема сигурни одговори. Она што на почетокот изгледало како сплет на околности и обид за опстанок, за Димитриј подоцна се претворило во живот потежок од затвор.

Според сведоштвата и записите што останале зад оваа необична приказна, Божников поминал речиси две децении во планинската дивина со девет јапонски заробенички. Далеку од цивилизацијата, заедно добиле дури седумдесет и три деца. Она што дополнително збунува е тврдењето дека жените, наводно, никогаш не се обиделе да побегнат.

Хаос по капитулацијата на Јапонија

Сè започнало во 1945 година, по капитулацијата на јапонската војска. На територијата на тогашниот Советски Сојуз останале околу шестотини илјади воени заробеници, кои биле распоредувани на различни работни задачи во обновата на разурнатата земја. Поради недостигот од војници, од кои многумина веќе биле демобилизирани, транспортот на заробениците бил организиран во помали групи.

Една таква група, во која имало девет млади Јапонки, им била доверена на Димитриј Божников и на неколкумина стражари. За време на транспортот ги зафатила силна снежна виулица. Возилото што ја превезувало храната излетало од патот и завршило во минско поле. Двајца стражари загинале, додека други двајца тргнале по помош – и никогаш не се вратиле.

Божников останал сам со заробеничките и со ограничени резерви. Деновите минувале, а помош не пристигнувала. Им се заканувала смрт од студ и глад. Жените не се обидувале да побегнат, свесни дека тешко би преживеале во непознатиот и суров предел. Одлучиле заедно да тргнат во потрага по населено место. Наместо цивилизација, наишле на планински врвови.


Деветнаесет години во планинска изолација

Идејата да останат во планината се родила од страв и неизвесност. Димитриј знаел дека враќањето би можело да значи обвинение за дезертерство, додека жените ги очекувале логори и тешка работа. Привременото засолниште се претворило во долгогодишно прибежиште. Учеле да ловат, да садат зеленчук и да собираат шумски плодови. Планината им станала и дом и затвор. Веќе по една година се родиле првите деца, а животот во изолација станувал сè посложен.

Со текот на времето, според приказните, Божников почнал да се однесува како господар на заедницата, додека жените барале да учествува во секојдневните обврски. Не му дозволувале да се повлече во пасивност. Изненадува тоа што во текот на цели деветнаесет години никој од нив не наишол на други луѓе.


Бегство

Како што минувале годините, станувало сè потешко да се задржи контролата врз ситуацијата. Децата растеле, а односите во заедницата се менувале. Кога бројот на потомци достигнал седумдесет и три, а многумина од нив веќе пораснале, Димитриј, според наводите, одлучил да побегне. Една ноќ ја напуштил планинската населба и стигнал до најблиското село, каде што ѝ се обратил на полицијата. Набргу била откриена тајната населба скриена во планината.

Во 1964 година, Јапонките заедно со децата биле вратени во татковината, додека Димитриј Божников бил осуден на дванаесет години затвор за повеќе кривични дела, вклучително и сексуални злосторства. Иронично, како што се наведува, затворскиот живот му бил полесен од планинската изолација.


Прашања без одговор

И покрај бројните прераскажувања, оваа приказна и понатаму останува обвиена со превез на мистерија. Како жените успеале да се породат без медицинска помош и притоа да ги зачуваат животите на сите деца? Како е можно речиси дваесет години никој да не наишол на нивното скривалиште? Без оглед на тоа дали станува збор за целосна вистина, делумна легенда или комбинација од факти и усно предание, приказната за Димитриј Божников и денес предизвикува неверување и остава повеќе прашања отколку одговори.