Необичен посетител ја изненадил библиотеката во Мамот Лејкс, Калифорнија. На стогодишнината од објавувањето на „Вини Пу“, вистинска мечка влегла пред отворањето и се почестила со мед и грицки.
Црна мечка влегла во библиотеката во Мамот Лејкс, Калифорнија, и се почестила со храната на вработените, меѓу која имало и тегла мед. Необичната посета се случила на 14 октомври 2026 година — токму на стогодишнината од првото објавување на „Вини Пу“ од А. А. Милн.
Како што соопшти библиотечната мрежа „Mono County Free Libraries“, мечката влегла околу 6:20 часот наутро, пред отворањето. Се упатила кон шкафчето со храна и јадела путер од кикиритки, праски, колачиња и мед.
Потоа прошетала покрај новите изданија и информативното биро, па сама си заминала. Во моментот на посетата во објектот немало вработени. Според соопштението, немало оштетени книги или превртени полици.
Како успеала да влезе останало неразјаснето: вратите подоцна биле затекнати заклучени. Од библиотеката со хумор потсетиле дека грицките не се дел од колекцијата што се позајмува.
Сепак, нагласиле дека локалните мечки се диви животни и дека луѓето треба да држат безбедно растојание и да не ги хранат.
Видео од безбедносните камери, објавено од „Mono County Free Libraries“:
Погледнете ја оригиналната видеообјава на Facebook
Кавер: Мечката снимена од безбедносна камера во библиотеката во Мамот Лејкс на 14 октомври 2026 година. Фото: „Mono County Free Libraries“.












