Тен Хаг ги „поздрави“ и дежурните критичари на Јунајтед: Се обидуваат да го заштитат своето наследство

Дерби

21/10/2026

16:12

196

Големина на фонт

а а а

Ерик Тен Хаг направи ексклузивно интервју за „Атлетик“ и медиумот најави дека истото ќе биде проследено во два дела, а овој вториот ни донесе и нови интересни мисли од холандскиот стручњак кој не успеа да триумфира на „Олд Трафорд“.

Тен Хаг вчера привлече внимание со изјавите кои ги даде за токсичната атмосфера во клубот и бруталните коментари за однесувањето на Кристијано Роналдо, но во интервјуто не ги поштедил ниту легендите на клубот кои се најредовни и дежурни критичари во јавноста, а тоа се Невил, Фердинанд, Кин, Сколс и останатите.

– Секаде е исто, не само во Англија. Поранешните фудбалери мислат само на тоа како да си го заштитат своето наследство. Не е ништо поразлично отколку во Баерн Минхен или Ајакс, и таму го прават истото. Сепак, тие играчи треба да сфатат дека веќе се дел од историја и не секогаш знаат што се случува во моментот. Фудбалот еволуира и не застанува во моментот кога завршиле нивните кариери.

– Што се однесува до Јунајтед, работите се јасни. Тие играчи дадоа голем придонес за развојот на клубот, постигнаа огромни резултати и освоија трофеи, па затоа ги почитувам. Морам да кажам дека имав многу добар однос со сите нив, вклучително и со Гери Невил и Рио Фердинанд. Направив пријатни интервјуа со двајцата, така што нивните коментари не ми наштетија.

– Се разбира, тие имаат свои подкасти и свои концепти, а тоа понекогаш знае да им смета на играчите. Некои од нив се погодени од коментарите, па дури и иритирани од таквиот однос на легендите. Станува збор за луѓе кои постигнале големи успеси, но исто така, сметам дека може повеќе да му помогнат на клубот и играчите на поинаков начин. Би можеле да дадат поддршка на други начини, но човекот секогаш го критикува она што најмногу го сака, – вели Тен Хаг.