ПСЖ ги потврди најцрните вести за еден од најдобрите играчи во светот: Тешка повреда и крај на сезоната уште во октомври!

Дерби

21/10/2026

15:27

261

Големина на фонт

а а а

ПСЖ ја победи Барселона со 4:2 во европскиот класик кој го одиграа во Лигата на шампиони, но уште веднаш по средбата стана јасно дека Луис Енрике не може во целост да биде задоволен од тоа што го виде на теренот.

Тука единствено се мисли на трите принудни измени и повредите кои ги заработија важни фудбалери, а првото соопштение кое пристигна од Париз е навистина разочарувачко и поразително за еден од најдобрите во светот.

Квича Кварацхелија беше најдобар играч во Лигата на шампионите минатата сезона и беше извонредно добар и вчера на теренот, но деталните медицински прегледи покажале дека го скинал предниот вкрстен лигамент на коленото во дуелот со Еспарт.

Грузиецот се струполи на земја откако беше евидентно дека коленото доби неправилно движење, а запалениот аларм сега доби црвена боја откако ПСЖ го потврди најлошото сценарио.

Кинењето на предниот вкрстен лигамент е една од најтешките повреди во фудбалот, па сега Квича ќе мора да подлегне на хируршки зафат, по кој ќе следи пауза од 7 до 9 месеци.

Тоа значи дека сезоната за Кварацхелија завршува во месец октомври, а Луис Енрике губи еден од најважните играчи во својот тим.

Во соопштението за Кварацхелија, ПСЖ откри дека повредите на Дембеле и Маркињос се од мускулен карактер, па тие ќе бидат во аут само неколку недели.