Арда коригираше новинар кој погрешно го изговори стадионот во Милано и ги воодушеви фановите на Интер

Дерби

21/10/2026

16:06

243

Големина на фонт

а а а

Арда Туран е еминентно и ценето име во светскиот фудбал поради сето она што го оствари во играчката кариера, а од вчера е и хит број еден меѓу фановите на Интер поради својот коментар во најавата за мечот во Милано.

Турскиот стручњак е предводник на Шахтјор Доњецк и како гостин вчера имаше можност да го најави вечерашниот дуел во Лигата на шампиони, но посебно внимание привлече со класа потегот кој го поздравуваат навивачите на Интер.

Еден од новинарите го запраша Арда какво е чувството да се врати и да биде дел од стадион како „Сан Сиро“, по што Туран реши да го коригира претставникот на седмата сила.

– Џузепе Меаца за Интер, респект, – порача Арда кој во продолжение му намигна на новинарот.

Интер вечерва ќе брка прва победа во Лигата на шампиони по двата стартни порази, додека Шахтјор допатува во Милано како непоразен во првите две рунди со биланс од една победа и едно реми.