Матеус за критиките за важен играч на Баерн: Време е да се стави крај на таа дебата

Дерби

18/10/2026

14:57

459

Големина на фонт

а а а

Баерн Минхен вчера ја наполни мрежата на РБ Лајпциг и стигна до три важни бодови во Бундеслигата, а по натпреварот Лотар Матеус решил да потсети на важната улога која ја има еден од најискусните играчи во баварскиот состав.

Германската легенда е незадоволна што во минатото се отвориле дебати за квалитетите и важноста на Јозуа Кимих, па сега им одговорил на критичарите на овој фудбалер на Баерн.

– Тој е апсолутен лидер, не само денес, туку и со години. Секој што е водечки играч во Баерн може да ја преземе оваа улога и во националниот тим.

– Кимих е препознаен и баран од сите, прави клучни работи и носи потребна енергија и харизма. Додадете го на тоа и неговиот фудбалски квалитет и сфаќате дека не можете без таков играч.

– Се надевам дека оваа дебата полека ќе заврши. Тој може да води и контролира тим и има добар однос со своите соиграчи. Тој има сè што е потребно за да продолжи да ја игра оваа улога во Баерн и во репрезентацијата, – рекол Матеус.