[ВИДЕО] Орландо испорача страшна акција: Гризман асистираше, Охеда мајсторски реализираше

Дерби

18/10/2026

15:01

388

Големина на фонт

а а а

МЛС натпреварите одиграни утринава донесоа неколку интересни моменти, а покрај погодоците на Лео Меси посебно внимание предизвика и еден од четирите погодоци на Орландо.

Антоан Гризман и неговите соиграчи го победија Ди-Си Јунајтед со убедливи 4:1, а вирален на социјалните мрежи стана вториот гол постигнат уште во првото полувреме.

Една атрактивна тики-така акција на тимот од Флорида заврши со инспиративна асистенција на Гризман и уште подобра реализација на Мартин Охеда.

Аргентинецот со мајсторски потег го совлада противничкиот голман и ја круниса акцијата која и онака беше вредна за издвојување.