Емилијано Мартинез беше евакуиран и итно пренесен во болница по страшниот судир кој го имаше со Џерод Брантвајт, па иако првично Челси како клуб информираше дека Аргентинецот подлегнал на рутинска опсервација, деталните прегледи покажале дека ќе мора да заврши на оперативен стол.
Аргентинскиот чувар на мрежата поради скршеница на вилицата морал во најбрз можен рок да направи хируршка интервенција, па иако немал некој посериозен потрес на мозокот, тој ќе биде под медицински надзор уште најмалку два или три дена.
Челси како клуб не се огласи за неговата најнова состојба, но Дибу самиот се јави на социјалните мрежи и ја информираше јавноста дека операцијата која му била извршена е успешна.
– Ви благодарам на сите за пораките, операцијата мина добро. Најважни се трите освоени бода и „чистата мрежа“ која ја сочувавме. Ќе се вратам за неколку недели!, – порача Мартинез.
Челси славеше на гостувањето кај Евертон со 0:2, а ако црна дамка беше непријатната повреда на Мартинез, вреди да се одбележи и блесокот на Педро Нето кој постигна два гола за победа на „сините“ од Лондон.







