[ФОТО] Марија и Бојан од „Ај Кју“ станаа родители, синот го доби името Лука

Точка

18/10/2026

14:38

447

Големина на фонт

а а а

Марија Ивановска и Бојан Трајковски, членовите на македонското музичко дуо „Ај Кју“, станаа родители на своето прво дете. Среќната вест ја споделија на социјалните мрежи, објавувајќи ја и првата фотографија од својот син, кој го добил името Лука.

Раѓањето на Лука се случило во болница во Челси, Лондон, а фотографијата од новороденчето ја придружија со емотивна порака која гласи: „Лука вели ‘Здраво свету’“.


Објавата предизвика бројни честитки и убави желби за среќното семејство.

Марија и Бојан со години се заедно, а во 2018 година ја претставуваа Македонија на изборот за песна на Евровизија. Пред речиси половина година, музичкиот пар ја сподели веста дека ќе станат родители преку забавно видео на социјалните мрежи. Во него, Марија најпрво покажа позитивен тест за бременост, а потоа и трудничко стомаче.


Парот стапи во брак во мај, додека свадбената прослава ја организираа во јуни во Грција.