Славниот музичар среде бурниот развод објави провокативна фотографија со новата девојка: Сите се прашуваат – кога попрво?

Точка

18/10/2026

12:33

1.101

Големина на фонт

а а а

Музичарот Мет Белами, фронтменот на култниот рок-бенд „Muse“, повторно е вљубен, два месеца откако поднел барање за развод од Ел Еванс. Главниот вокал на групата на Инстаграм споделил фотографија со, како што изгледа, новата избраничка – Ен Мари Морин.

„Нова работа со скратено работно време, шефот е пребирлив“, напишал Белами покрај серија фотографии на кои позирал во компанијата „Cloud Cookie“ од Чикаго, која се занимава со производство на колачиња.


Повеќето фотографии го прикажуваат музичарот како работи во објектот – става колачиња во рерната, комуницира со купувачите, ги презема нарачките и ужива во слатките задоволства.

Меѓутоа, една фотографија особено привлече внимание. На неа музичарот страсно ја бакнува Морин, основачката на компанијата „Cloud Cookie“, основана во 2020 година. Таа ја направила нивната фотографија, додека музичарот ја држел со раката околу половината.


Нивната блискост предизвика лавина реакции, а многумина истакнале дека поминало многу малку време меѓу поднесувањето на барањето за развод и јавното претставување на новата љубовна врска.

„Ми се чини дека пропуштив неколку поглавја“, „Ох, по ѓаволите, ова се случи брзо“, „Мет не губи време“, пишувале тие.

Мет одлучил гордо да ја покаже новата девојка на социјалните мрежи, но таа на нешто посуптилен начин открила дека има момче. Претходно оваа недела споделила серија фотографии од Англија, меѓу кои имало и фотографија на која ги држи нозете во скутот на непознат маж, додека тој ја држи раката на нејзините бутови. Ен Мари не го означила Белами, но музичарот ја лајкнал објавата, пишува „Jutarnji.hr“.


Морин го покажа Белами и во објава од август, на која позирале со неколку пријатели во пустина.


Мет на 12 август поднел барање за развод од Ел Еванс, по седум години брак, наведувајќи ги „непомирливите разлики“ како причина. Исто така, побарал исклучително старателство над нивните две деца, ќерката Ловела и синот Џорџ.


Еванс изјавила дека планира да се бори за старателството над децата, а бракот со музичарот го нарекла „неподнослив“.

Поранешната двојка, всушност, се разделила во средината на 2025 година. Белами има и син, Бингам, со поранешната свршеница Кејт Хадсон, со која беше во врска од 2010 до 2014 година.