Нико Паз е еден од играчите кој напредува од сезона во сезона, а тоа почна да се случува откако се пресели во редовите на Комо.
Тој беше дел од школата на Реал Мадрид, играше и за втората екипа, запиша и некој настап за првиот состав, но дури по преселбата во Италија светот дозна за него. Се истакна со своите изданија, го привлече вниманието и сега веќе има и статус на аргентински репрезентативец.
„Кралевите“ сакаа минатово лето да го вратат на „Бернабеу“, ама Комо направи се за да го задржи. И самиот Нико беше со став да остане во актуелнивана средина, а во целата оваа приказна за него клучна улога има тренерот Сеск Фабрегас.
-Тој ме научи практично на сè. Дојдов тука како млад играч од Кастиља. Одиграв неколку натпревари за Реал Мадрид, но на крајот бев резервен играч во пониска лига. Доаѓањето тука и играњето во Серија А, топ лига, ми овозможи многу да растам и да се подобрам, и како играч и како личност. Сè беше благодарение на Сеск, кој веруваше во мене и ме донесе тука. Од првиот ден ми дозволи да играм како што сакав и ми даде многу слобода. Ме научи на многу. Мислам дека играчот што сум денес е благодарение на него, -истакна Аргентинецот кој со Комо заигра и во ЛШ,
-Беше неверојатно, излегувајќи со свирење на химната од Лигата на шампионите, и тоа на нашиот стадион. Слушањето на таа химна значеше дека конечно играме во Лигата на шампионите, и тоа против Лајпциг, тим кој играл во ова натпреварување многу пати. Ни даде огромен поттик. Беше посебен натпревар за нас, професионално и лично. Посебен е затоа што секое дете сонува да игра во Лигата на шампионите, а повеќето од нас никогаш порано не играле во неа. Беше остварување на сон и чекор напред, -порача офанзивецот.








