Симеоне не го потценува Јунајтед: Тие се опасен тим…

Дерби

13/10/2026

11:06

226

Големина на фонт

а а а

Атлетико Мадрид ќе го пречека Манчестер Јунајтед во вечерашниот натпревар во Лигата на шампионите, соочување во кое домаќините влегуваат со статус на благи фаворити.

Атлетико е силна екипа пред се кога игра на свој терен, а Јунајтед дефинитивно има доста проблеми, екипата се мачи, нема препознатлива игра, плус се отсутнии голем број на играчи и поради ова шпанскиот тим бара на хартија има отворен пат да добар резултат.

Сепак тренерот Диего Симеоне е внимателен и ги предупреди своите играчии да не го потценуваат премиерлигашот.

-Се соочуваме со противник кој притиска агресивно без топката во неговата половина од теренот, брзо ви се приближува и има брзи играчи. И покрај неодамнешните резултати, вклучувајќи многу нерешени резултати, тие сè уште претставуваат иста закана како и минатата година. Тие се силен тим, -рече Чоло кој говореше и за Хулијан Алварез кој се уште се бара по бурното лето поврзано со неговата иднина.

-За напаѓачите со квалитетите на Јулијан, головите секогаш се потребни, и тоа не е само тој. Освен што е добар финишер, тој е тимски играч кој добро се поврзува со своите соиграчи. Тој има многу повеќе квалитети и оружја во својот арсенал отколку само постигнување голови. Пред некој ден, против Алавес, одигра одлично второ полувреме и се надевам дека ќе продолжи да се подобрува за да го достигне нивото на кое сите сакаме да го видиме, -истакна Симеоне.