Доказ дека е во топ форма: Томовски втор по бројот на одбрани во Бундеслигата

Дерби

13/10/2026

11:02

193

Големина на фонт

а а а

Македонскиот репрезентативец, Мартин Томовски во оваа сезона одново е дел од најсилниот ракометен ранг во Германија и тоа како член на Битигхајм, тим во кој е најдобар играч во досегашниот тек на натпреварувачката 2026/2027.

Томовски дава се од себе и скоро на секој меч има двоцифрен број на одбрани, но ретко е награден од соиграчите за тие партии со тоа што минатиов викенд конечно и тоа се случи, поточно Битигхајм се избори за гостински триумф над Гепинген.

На ова соочување Мартин имаше 13 интервенции и на тој начин дојде до вкупно 96 одбрани во сезоната. Тој по оваа статистика е на второто место, поточно пред него на листата на голмани со најмногу одбрани е Давид Шпет од Рајн-Некар Левен (103 одбрани).


Зад Македонецот е Андреас Волф од Кил што е уште еден показател дека нашиот голман навистина блеска меѓу стативите.

Некогашниот голман на Вардар и Металург има 27.83 проценти на одбранети удари.