Џерард се предомисли и излезе со нова прогноза за титулата во Премиер лигата

Дерби

13/10/2026

11:00

291

Големина на фонт

а а а

Комплетирано е првото коло во англиската Премиер лига по репрезентативната пауза или вкупно зад нас сега се шест рунди кои веќе даваат сигнали, слика во кој правец можат да се движат случувањата во најкомпетитиваната и најсилната фудбалска лига на светот.

Манчестер Сити, Арсенал и Брајтон кои собраа најмногу бодови, додека на самото дно се Борнмут, Тотенхем и Фулам. Стивен Џерард како големо фудбалско име во моментов нема тренерски ангажман и се почесто го гледаме во улога на стручен аналитичар, па токму тој одлучи да се предомисли и да даде нова прогноза кога е во прашање борбата за пехарот во ПЛ.

Неговиот прв избор беше Арсенал, но сега порача дека ако би се обложувал би вложил пари на Манчестер Сити.

-Што се однесува до вчерашниот настап (Ливерпуч) на Манчестер Сити под водство на Енцо Мареска, тие беа извонредни. Луѓето зборуваат за тоа како им требаше црвениот картон за да го победат Ливерпул. И го победија Ливерпул уште од тој момент. Но, беа извонредни од првиот удар на топката. Планот за игра, тактички, како беа поставени, растојанијата, тие апсорбираа сè што Ливерпул им фрли. И Ливерпул беше извонреден еден час, беа фантастични. Но, Манчестер Сити никогаш не изгледаше вознемирено или збунето. Тие играа со зрелост и искуство. И овој тим на Манчестер Сити, според мене, е подготвен. Тие се подготвени.

-Тие веќе се помирија со заминувањето на Пеп Гвардиола. Тимот на Мареска, тоа јасно се гледа. И тие имаат играчи на секоја позиција кои се подготвени да победат сега, според мене. Фантастичен тим, -истакна Стиви Џи и продолжи да говори за трката за пехарот.

-Пред да се шутне топката, му давав предност на Арсенал само да продолжи, но сега каде сме. шест, седум натпревари во…Би ги ставил парите на Манчестер Сити, откако го видов она вчера. Би ги ставил парите на Сити. Тие се толку силни, а потоа ја гледате клупата, -заклучи Џерард.