Тухел: Англија нема да добие „нов Кејн“ најмалку десет години

Дерби

01/10/2026

10:18

181

Големина на фонт

а а а

Англиската фудбалска репрезентација се подготвува за следниот настап во Лигата на нации, а селекторот Томас Тухел на последната прес-конференција зборувал за Хари Кејн и фактот што Англичаните ќе мора да чекаат долго за вистински наследник на најголемата ѕвезда во националниот тим.

Германскиот стручњак не штедел комплименти за 33-годишниот Кејн, но им порачал на новинарите, а преку нив и на јавноста да не се надеваат дека Англија експресно ќе добие негов наследник за неколку години.

– Прво и основно, нема да добиете уште еден Хари Кејн.

– Тој ги турка останатите кон остварување на нашите цели и тој пристап кој подразбира многу напорна работа се надоврзува на неговите голгетерски квалитети. Тој е целосен пакет.

– Во иднина ќе бараме други опции, но тоа никогаш нема да биде Хари или негова копија. Ќе се пронајде солуција, но веројатно јас нема да бидам овде, бидејќи нема Англија нема да има таков играч наредните 10 години, – рекол Тухел.

Кејн веќе е сопственик на рекордот за најмногу голови во англиската репрезентација (87), а наскоро ќе го собори рекордот на Питер Шилтон и за најмногу настапи (125).