Името на Пеп Гвардиола е тесно поврзано со скандалот од кој дел е Манчестер Сити и постои можност шпанскиот стручњак да остане без неколку освоени трофеи, па иако тоа се најцрните сценарија кои ги проектираат англиските таблоиди, мора да се нагласи дека постои можност за такво нешто ако се преземан најрадикални мерки.
Соопштението на Премиер лигата за финансиско мамење во период од девет години не остави никого рамнодушен и Манчестер Сити како клуб е под закана од сериозни санкции, но пред да биде донесена одлука во каков тек ќе се одвива тој дел од процесот, многу познати имиња излегоа со свои ставови за најкоментираната тема во јавноста.
Иако во овој момент актуелни се репрезентативните обврски на играчите, голем број селектори мораа да одговараат на прашањето поврзано за Пеп Гвардиола и Манчестер Сити, па иако Чави Ернандес во прв момент одбиваше да даде одговор на таа тема, холандската новинарка успеа да извлече кратка реакција.
– Што мислите за чудната ситуација како фудбалски вљубеник?
– Мислам само на правда. Како фудбалски вљубеник, јас го сакам фер-плејот, – одговори Чави кој најдобрите играчки денови во Барселона ги имаше токму со Пеп како тренер на тимот.
Xavi hoopt dat er gerechtigheid komt in de Manchester City-zaak:
"Als voetballiefhebber houd ik enorm van fair play" https://t.co/c0Bi0X2S6i
— ESPN NL (@ESPNnl) September 30, 2026








