[ВИДЕО] Хрватите беа статисти во голот за паметење: 70 секунди, 25 додавања и ремек-дело на Јамал

Дерби

30/09/2026

12:31

436

Големина на фонт

а а а

Шпанија игра атомски фудбал веќе две години наназад и достигнува совршенство под водство на Луис де ла Фуенте, а тоа на своја кожа го почувствуваа и Хрватите.

Без да ја допрат топката во воведот од мечот во Севилја, „коцкестите“ веќе мораа да се помират со почетна негатива против светскиот шампион, и тоа после акција која не остава никого рамнодушен.

Шпанците постигнаа гол после извонредна акција која ја режираа после почетниот удар, а со самото тоа направија Хрватите да изгледаат како обични статисти.

25 точни додавања во период од 70 секунди се покажаа како кобни за Хрватите, па во самата завршница од акцијата, видовме фантазија од Фермин, односно мајсторија од Јамал.

Завршните додавања ги комплетираа Кукурелја и Баена, топката беше проследена до Фермин кој со лажно движење ја остави топката за Јамал, по што овој мајсторски ја заврши акцијата која почна од централниот дел на игралиштето.