Новинар го објасни потегот на Роналдо: Селекторот дал ветување кое не го исполнил на пресот

Дерби

01/10/2026

10:36

317

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо предизвика вистинска бура со одлуката да го напушти кампот на португалската репрезентација и веројатно да стави точка на настапите во националниот тим, па очекувано оваа тема е најактуелна на фудбалската сцена од синоќа.

Самиот Роналдо испрати кратка порака со која најави дека јавноста наскоро ќе ја дознае целата вистина и причината за неговиот потег, а сега фактите од неговата страна се соопштени индиректно, односно преку познат шпански новинар кој важи за близок пријател на Роналдо уште од времето кога овој настапуваше за Реал Мадрид.

Едуардо Агире за „Ел Чирингито“ ја објаснил ситуацијата, потенцирајќи дека ЦР7 се чувствувал изневерен и излажан од селекторот Жорге Жезус и федерацијата.


– На приватна средба со Кристијано, претседателот на Португалската фудбалска федерација и Жорже Жесус, селекторот побарал од Кристијано да му прости затоа што го натерал да се загрева 30 минути без притоа да го внесе во игра.

– Тој исто така му ветил на Кристијано дека јавно ќе се извини на прес-конференцијата, ќе признае дека направил грешка и ќе ги разјасни работите. Но, селекторот не го одржа ветувањето. Напротив, Кристијано смета дека тој изнел невистини и се обидел јавно да покаже дека ја има контролата, а дека Кристијано е „само уште еден играч“.

– Тоа го налути Кристијано, кој се чувствува изневерено. Жезус приватно му се извини, вети дека истото ќе го стори и јавно, а потоа постапи спротивно. Затоа Кристијано одлучи, си оди дома. За него, тоа е изневерување, – рекол Агире.