Рафиња порано од предвиденото ја напушти бразилската репрезентација, а неговата ситуација предизвика загриженост кај Барселона и нејзините фанови.
Бразилецот игра во одлична форма од почетокот на сезоната и Барса профитираше од промената на неговата позиција од тренерот Ханси Флик, но самиот фудбалер побарал замена на пријателскиот натпревар со Австралија, чувствувајќи нелагодност на десниот бутен мускул.
Рафиња денеска треба да пристигне во Барселона, по што клубот ќе му ги направи сите детални прегледи, иако тајмингот ќе зависи и од заморот кај фудбалерот, кој мора да помине многу време во авион за да се врати од Австралија во Шпанија.
Ситуацијата создаде тензија во клубот и меѓу фановите и сите во Барселона се надеваат дека целата ситуација ќе остане на детектиран замор и нелагодност, односно нема да се појави некој посериозен проблем.
Конкретната позиција на проблемот е проблематична, бидејќи веќе му донесе неколку паузи на Рафиња минатата сезона.








