Де Лаурентис го подбра Спалети: Тренерите забораваат дека се само вработени

Дерби

24/09/2026

13:29

293

Големина на фонт

а а а

Аурелио Де Лаурентис му донесе неколку важни трофеи на Наполи, а во неговата ера клубот и натаму е на врвот на Серија А и се натпреварува во Лигата на шампионите.

Првиот човек на Наполи во последното интервју не пропуштил да „поздрави“ дел од актуелните актери на италијанската фудбалска сцена, а меѓу нив и Лучијано Спалети.

Актуелниот тренер на Јувентус го одведе Наполи до скудето, но подоцна не се раздели најпријателски со клубот и Де Лаурентис.

– Не ме терајте да зборувам за Спалети…

– Тренерите треба да разберата дека тие се соработници чија главна задача е да го водат оркестарот составен од фудбалери, но истовремено се и само вработени во клубот.

– На моменти како да забораваат на тој важен детаљ, – рекол Де Лаурентис.