Александер Зверев има супер успешна сезона, година во која успеа да слави на два грен слем турнири (Ролан Гарос и Ју-Ес Опен), а стигна до самата завршница на преостанатите два во Мелбурн (полуфинале) и Лондон (финале).
Тој е на второто место на АТП ранг листата зад Јаник Синер, но сосема очекувано се поставува прашањето дали Саша може да се справи со Италијанецот и Карлос Алкарас кога двајцата се фит и 100 проценти подготвени.
Јаник и Карлос беа неколку чекори пред останатите, меѓутоа и двајцата се соочија со одредени проблеми, повреди во оваа 2026 и тоа беше искористено пред се од Зверев.
- Тој мора да се стреми кон првото место во светот, тоа е сигурно. Играше тенис за да освои грен слем. Успеа во тоа. Крајната цел сега е да се биде најдобар во светот. Засега можеме да кажеме дека е. Но, нема сите да се согласиме, бидејќи тука се Синер и Алкараз и сакаме да ги видиме во 100% форма. Зверев сè уште треба да ги победи на грен слем турнирите. Тогаш тој ќе биде газда. Значи, сè уште е малку далеку, - смета легендарниот Матс Виландер.







