[ВИДЕО] Меси 23+12 – Интер во плејофот

Точка

15/10/2026

19:58

414

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси продолжи да ги воодушевува светот и навивачите на Интер Мајами, кои ноќеска го прославија пласманот во плејофот на МЛС-лигата.

Актуелниот првак го победи Њујорк Сити со 2:0 и математички обезбеди пласман во разигрувањето, пет кола пред крајот на регуларниот дел од лигата. Меси овојпат придонесе за победата со асистенција за голот на сонародникот Родриго де Пол пред крајот на полувремето, кога домашниот тим практично ги обезбеди трите бода.

Аргентинците беа во центарот на вниманието и на овој натпревар на Мајами.

Еден од осумтемина фудбалери од оваа јужноамериканска држава во тимот на Интер, Херман Бертераме, кој инаку настапува за Мексико, беше стрелец на водечкиот гол.

Во продолжението, во екот на иницијативата на домашниот тим, пристигна и вториот гол, и тоа по извонредната асистенција на Меси до Де Пол со надворешниот дел од копачката.

Аргентинскиот волшебник успеа да измисли потег и во оваа ситуација. Во полн трк го најде најдоброто решение, а Де Пол исто така беше одличен во завршницата – испрати неодбранлив удар во мрежата.

За Меси ова беше 12-та асистенција, а постигна и 23 гола на 26 натпревари оваа сезона.

За Интер ова беше втора последователна победа и втора без примен гол, по одличното издание против Ди-Си Јунајтед (4:0). Екипата моментално е втора на табелата во МЛС, на 14 бода од Нешвил.