Усман Дембеле повторно беше еден од клучните играчи во новата победа на својот ПСЖ, која овојпат имаше и посебно значење бидејќи беше остварена на гостувањето кај Манчестер Сити и тоа со убедлив резултат.
Францускиот репрезентативец дојде до гол и асистенција на оваа средба, потврдувајќи ја одличната форма, но веројатно и вистинскиот пристап кој со него го има тренерот Луис Енрике.
Шпанецот реши да го одмори Дембеле по подолгиот период во кој настапуваа репрезентациите и тој не беше во комбинација за дуелот со Ле Ман во текот на викендот, за против Сити уште еднаш да покаже дел од својот богат репертоар. Одморот повторно делуваше позитивно над Дембеле, па тој на шега вели дека повторно ќе бара слободни денови од тренерот.
– По интернационалната пауза бев на краток одмор, па сега кога ќе размислам, можеби повторно ќе барам слободни денови.
– Уживам да играм во вторник или среда, посебно кога претходно сум бил слободен. Ова е големо задоволство. Тренерот може да ме ослободи и до март, но одлуката е негова, – рекол расположениот Дембеле.








