Сари по одличниот настап на Елмас: Последните две средби се потврда дека е важен играч за нас

Дерби

16/10/2026

11:23

227

Големина на фонт

а а а

Аталанта вчера не дозволи проблеми и кикс на дуелот со Пафос во Конференциската лига, а таквото сценарио го најави Елиф Елмас, кој реализираше уште во првата минута од средбата.

Македонскиот репрезентативец дебитираше за тимот од Бергамо во европските купови и го постигна својот прв гол во важен момент, овозможувајќи му полесен тек на натпреварот на составот на Маурицио Сари.

По средбата, Сари го пофалил Елмас, со тврдење дека тој има важна улога во неговиот тим.

– Со оглед на тоа како одигравме на последните две средби, факт е дека Елмас е важен балансер во нашиот тим.

– Тој е играч кој покрива во двете фази и постојано ја подобрува физичката подготвеност по тешкото лето кое го имаше, – рекол Сари.