Сестрата на Роналдо ја разбранува јавноста: „Веројатно заврши со Португалија, сите чувствуваме тага“

Точка

15/10/2026

13:38

608

Големина на фонт

а а а

Сестрата на Кристијано Роналдо, Елма Авеирo, за „CNN Portugal“ зборуваше за конфликтот меѓу нејзиниот брат и португалскиот селектор Жорже Жезус.

Изјавата ја даде во Лисабон, по промоцијата на една книга на која присуствуваше и Жезус.

Роналдо (41) ги напушти подготовките на репрезентацијата еден ден пред натпреварот од Лигата на нациите против Данска, по што отпатува во Мадрид. Во подоцнежното соопштение ја презеде одговорноста за напуштањето на подготовките, но го обвини Жезус дека не го одржал зборот што му го дал во претходните разговори.


„Поверојатно е дека нема да се врати отколку дека ќе се врати. Мислам дека и Кристијано и Жорже Жезус се повредени. Тоа е ситуација низ која поминаа тие, а не јас. Зборувам во име на мојот брат“, изјави Елма и одговори на прашањето дали може да дојде до помирување:

„Не знам, многу е комплицирано. Кога ќе нè изневерат, многу е тешко да се вратиме во нормала. Чувствувам тага затоа што португалскиот народ, за жал, заборава што е веќе направено и мисли дека сега работите треба да се прават поинаку“, додаде таа.

На крајот, таа истакна дека ѝ е тешко да гледа низ што сè поминува нејзиниот брат.


„Немам зборови, многу ми е тешко да гледам како мојот брат поминува низ ова. Тој е една од личностите кои најмалку го заслужуваат ова“, заклучи Елма.

По инцидентот, Жорже Жезус ја опиша ситуацијата како недоразбирање и порача дека Роналдо повторно може да добие повик, под услов да игра за Ал Наср и да сака да се врати.

Роналдо во своето соопштение наведе дека е подготвен повторно да одговори на повикот доколку селекторот го повика. Засега останува нејасно дали повторно ќе го облече дресот на Португалија.