Милан вчера обезбеди убедлива победа на гостувањето кај Салцбург во Лига Европа, а херој на гостинскиот тим беше младиот Алфаџо Сисе.
Сисе постигна три од четирите погодоци во триумфот со резултат 0:4, а со тоа им отвори работа и на статистичарите кои мораа да проверуваат кога последен пат еден фудбалер од Италија имал ваков ефект во европските купови.
Со тоа е потврдено дека членот на Милан станал најмладиот италијански играч кој постигнал хет-трик на европски натпревар, нешто што Сисе го направи на возраст од 19 години и 358 дена.
Претходниот рекорд бил поставен пред многу децении, исто така од играч на Милан и тоа Џанкарло Данова, кој во 1959 година постигнал три гола против Олимпијакос на возраст од 20 години и 309 дена.
Истовремено, Сисе стана прв играч на „росонерите“ со европски хет-трик уште од Пипо Инѕаги, на кого тоа му успеа на дуелот со Депортиво во 2002 година.








