[ВИДЕО] Тотална „хистерија“ меѓу жените откако Алкараз ја соблече маицата на Ју-Ес Опен

Точка

05/09/2026

10:31

578

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го декласираше Кинезот Јибинг Ву со 3-0 (6:3, 6:4, 6:1) во третото коло на Ју-Ес Опен и закажа осминафинален дуел против Американецот Томи Пол, кој со 3-2 го елиминираше Казахстанецот Александар Бублик.

Карлитос полека ја крева формата, а и покрај тоа што на хартија е втор носител, Алкараз убедливо важи за главен фаворит да го одбрани трофејот освоен минатата година, во отсуство на Јаник Синер и по раната елиминација на Новак Ѓоковиќ.

Покрај тоа, голем дел од публиката е на негова страна, а особено женскиот дел.

Така, неговиот меч против Ву го одбележа и маицата што ја носел под „стандардната“, која привлече големо внимание и кај новинарите. На крајот од мечот Алкараз ја соблече, а тогаш дамите на трибините почнаа да ги вклучуваат камерите и блицовите.

На прес-конференцијата по мечот Шпанецот зборувал за маицата што ја носел одоздола, а целата ситуација му беше прилично забавна.


„Мислам дека во последно време премногу често си ја гледав брадавицата, па си помислив, знаете, дека можам да ја скријам барем на еден меч. Не знам дали повторно ќе ја носам, но се чувствував многу удобно со таа маица, па веројатно ќе продолжам да ја носам“, изјави Алкараз и предизвикувајќи смеа меѓу новинарите во прес-салата.