Клубот им овозможува видливост на брендовите и можност да станат дел од препознатлива тениска приказна и дел од секојдневието на илјадници активни учесници, рекреативци но и професионални тенисери.
Секој месец, низ терените на тенискиот клуб Abc/Мондано поминуваат илјадници љубители на тенисот – деца и млади таленти, рекреативци од различни генерации, професионални тенисери, познати деловни луѓе и јавни личности. Велат еднаш кога ќе се заразиш со тенисот, тој ќе биде постојано дел од твојот живот. И покрај тоа што тенисот важи за елитен и скап спорт, место каде се доаѓа за да се биде виден, сепак денес тој е достапен за сите. Кога ќе се поделат трошоците за терен, тој е поефтин од седнување на кафе, а во Abc ќе добиете и опрема, и одични услови за играње. Истовремено за компаниите, оваа динамична тениска заедница претставува можност брендот да биде присутен во средина што природно се поврзува со здравје, дисциплина, амбиција, успех и квалитетен начин на живот.

Вредна публика и силен простор за бренд-присуство!
Силата на Abc/Мондано е во разновидноста и континуитетот на публиката што секојдневно се среќава на неговите терени. Во клубот тренираат деца и млади таленти, играат рекреативци од различни возрасти, а професионалците ја одржуваат и унапредуваат својата форма. Тука може да се сретнат и бројни реномирани македонски тенисери, што дополнително го потврдува кредибилитетот на клубот на домашната тениска сцена.

Клубот е избор и на многу деловни луѓе и јавни личности, кои во тенисот препознаваат квалитетна физичка активност, одмор од секојдневните обврски и можност за поврзување во пријатна и достоинствена средина. За потенцијалните спонзори тоа создава релевантен контекст за градење видливост, доверба и долгорочни односи со публика што ги цени активниот живот, професионалноста и позитивните вредности.
Зад успешната приказна на Abc/Мондано стојат Андреја Исаиев и Виктор Михајловски, луѓе со вистински спортски дух, кои тенисот не само што го сакаат, туку и го живеат. Повеќе од една деценија тие вложуваат знаење, време и енергија во клуб со професионални стандарди, одговорна организација и отворен пристап кон секој што сака да спортува. Токму тој континуитет им нуди на компаниите сигурна основа за партнерство со кредибилна спортска заедница. Андреја Исаиев, како професионален тренер, секојдневно работи со млади таленти и им пренесува знаење, дисциплина и љубов кон играта. Виктор Михајловски се грижи за организацијата – од координацијата на тренинзите и тимот до одржувањето на терените и целокупното функционирање на клубот.
Нивната заедничка визија го претвори Abc/Мондано во препознатливо место на домашната тениска сцена и во партнер способен професионално да развива заеднички иницијативи со деловниот сектор.

Што добива деловниот партнер?
Партнерството со Abc/Мондано им овозможува на компаниите да ја поврзат својата деловна приказна со спорт, здрави навики и развој на младите, а притоа да бидат видливи пред разновидна и ангажирана заедница.
Брендовите добиваат релевантна видливост – присуство на брендот во активна спортска средина со публика од различни генерации и професионални профили. Позитивно позиционирање – поврзување со здравје, дисциплина, упорност, фер-плеј и успешност. Покажуваат поддршка на младите – придонес кон развојот на таленти и создавањето здрави навики уште од најрана возраст. Можност за деловно поврзување – можност за градење односи во средина во која се среќаваат претприемачи, професионалци и јавни личности.
Abc/Мондано ги повикува компаниите што веруваат во долгорочна вредност, активна заедница и општествена одговорност да станат дел од неговата следна фаза на развој. Со заеднички пристап може да се создаде партнерство што носи препознатливост за брендот, подобри услови за тенисерите и позитивно влијание врз пошироката заедница.
Станете партнер на Abc/Мондано – вложете во спортска приказна што создава вредност и за бизнисот и за заедницата.
Комерцијален текст













