Алвеш почна да проповеда како свештеник: Меси не беше мојот најдобар партнер

Дерби

20/10/2026

12:33

205

Големина на фонт

а а а

Дани Алвеш целосно му се посвети на Бога и стана верски службеник откако излезе од затвор, а улогата на свештеник му овозможува да направи спој меѓу верата и фудбалот.

Бразилецот бил дел од специјален чин во Аргентина каде проповедал за христијанството, но секако како поранешен фудбалер, не можел да ги избегне и прашањата поврзани за фудбалот и фудбалскиот Бог во Аргентина, Лео Меси.

– Дојдов да проповедам за Бог низ цела Аргентина. Иако ова е земја опседната со фудбал, верувам дека е време за промена на правецот, бидејќи фудбалот никого не спасува. Дојдовме да проповедаме за Христос пред аргентинскиот народ. Нашата мисија е нешто за што не може да се преговара.

– Меси беше одличен претставник во секој поглед, иако Аргентина не се однесуваше кон него онака како што заслужуваше. Тој мораше да ја заслужи таа почит со многу труд и вложен напор, – додава Бразилецот, кој на крајот добил за задача да бира кој тандем бил подобар, тој со него и Меси, или оној на Лео со Жорди Алба.

– Би ги избрал Жорди Алба и Меси, бидејќи тие се мои пријатели. Секогаш ќе застанам на страната на моите пријатели. Мојот најдобар тандем е оној со Бога, – потенцира Алвеш.