[ВИДЕО] ПСЖ ја доби битката со Барселона и покажа зошто е европски шампион

Дерби

21/10/2026

07:04

305

Големина на фонт

а а а

Составот на Пари Сен Жермен издвојува победа над Барселона до 4-2 во дербито на вечерта во Лигата на шампионите.

Ова беше средба која со нетрпение ја очекуваа сите љубители на фудбалот, а францускиот и шпанскиот првак донесоа фудбалски спектакл на „Паркот на принцовите“.

Подобро се снајдоа домаќините, актуелните европски шампиони кои беа поконретни во завршната фаза на акциите и успеаа одново да постигнат четири гола како минатата седмица против Манчестер Сити на „Итихад“.

Првиот дел донесе две повреди на Дембеле и Олмо и погодок на Дуе во 38 минута. Во вториот дел Еспарт израмни на 1-1 во 55 минута, резултат кој беше активен до 72 кога Ернандез со удар со глава донесе нова предност за „светците“. Каталонците набрзо одговори преки Јамал, меѓутоа потоа одново на сцена стапија избрaниците на Енрике кои со погодоците на Витиња и Руиз се изборија за сигурен триумф.

Доста ефикасно беше и на останатите средби, Ливерпул со пресврт го доби Вилјареал со 4-3, резултат со кој Наполи беше подобар од Бодо.

Манчестер Сити „испука петарда“ во мрежата на АЕК (5-1), Порто загуби дома од ПСВ, додека Штутгарт и Атлетико Мадрид одиграа 1-1.