[ФОТО] Големото засилување на Јунајтед кое одигра разочарувачки против Хал: Еден лош настап не ја дефинира сезоната

Дерби

23/08/2026

10:04

190

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед целосно потфрли на гостувањето кај Хал Сити и дозволи да загуби на премиерата во новата сезона, и тоа од тим кој многумина веќе го видоа како апсолутен фаворит за враќање во Втора лига.

Новајлијата во елитното друштво му ги замрси сметките на Мајкл Карик и профитираше од лошата поставеност на „ѓаволите“ при прекини, а во победата од 2:0, доста потфрлија и големите летни засилувања кои добија своја шанса во стартниот тим.

Јури Тилеманс како еден од најискусните имаше навистина лош натпревар против Хал, па бидејќи неговото име доста исциркулира во јавноста, очигледно самиот се почувствува прозван од јавноста.


Белгиецот се јави на социјалните мрежи и даде оценка за лошото издание, но нагласи дека овој разочарувачки резултат не менува ништо кога се амбициите и целта во прашање.

– Тежок ден на теренот. Еден лош перформанс и резултат не ја дефинира нашата сезона. Следното коло играме дома, едвај чекам да дојде мечот на „Олд Трафорд“, – порача Тилеманс.