[ФОТО/ВИДЕО] Боксерскиот свет завиен во црно: Поранешниот светски шампион убиен пред својот дом

Точка

22/08/2026

13:30

854

Големина на фонт

а а а

Поранешниот светски шампион во бокс, Золани „Ласт Борн“ Тете (38) е убиен со огнено оружје пред својот дом во јужноафриканската покраина Источен Кејп во петокот, соопштија во саботата полицијата и министерот за спорт на земјата.

Околу 18:30 часот Тете пристигнал пред својот дом во населбата Мданцане кога двајца вооружени мажи со фантомки излегле од возило и отвориле оган.

„Нема да шпекулирам кој го сторил тоа, ниту зошто“, изјавил министерот за спорт Гејтон Мекензи.

Јужна Африка е земја со една од највисоките стапки на убиства во светот и покрај неодамнешниот пад на бројот на вакви случаи.


Дваесет и седумгодишна жена која била во придружба на Тете била погодена со повеќе куршуми и била пренесена во болница. Полицијата започнала истрага, а мотивот за убиството засега не е познат.


Тете ја освоил титулата светски шампион во верзијата ИБФ во супермува категорија (јуниор-бантам) во 2014 година, откако во Кобе го победи Јапонецот Теиру Киношита. Во 2017 година ја освоил ВБО титулата во бантам категорија со победата над Артуро Виљануева. 


На меѓународната сцена најмногу остана запаметен по нокаутот против својот сонародник Сибонисо Гоња во Белфаст во ноември 2017 година. Мечот заврши по само 11 секунди, што претставува најбрз прекин на борба за титулата светски шампион. Во професионалната кариера остварил 29 победи, од кои 22 со нокаут, четири порази и еден меч без одлука.