Кристијано Роналдо (41) се врати на теренот и веднаш постигна гол, покажувајќи дека ниту на 41-годишна возраст нема намера да забави. Португалскиот напаѓач беше стрелец во победата на Ал-Наср од 4:0 против Ал-Ријад, а тоа беше неговиот 977. погодок во професионалната кариера.
Враќање по паузата
Роналдо ги пропушти воведните натпревари од сезоната бидејќи подоцна му се приклучи на тимот по обврските на Светското првенство. Тренерот Анге Постекоглу на натпреварот против „Ал-Ријад“ го остави на клупата, а во игра го внесе во 62. минута, при водство од 3:0.
Неговото влегување на теренот беше проследено со одобрување од публиката на стадионот „Принц Фајсал бин Фахд“, а Роналдо веднаш ја презеде и капитенската лента.
Својот погодок го постигна во 83. минута. Ја прими топката во шеснаесетникот, со вешт потег се ослободи од чуварот и со левата нога прецизно погоди за конечни 4:0.
Simply a world class finish from Cristiano Ronaldo. pic.twitter.com/pqh1iv5JiL
— Al Nassr Zone (@TheNassrZone) August 21, 2026
Во потера по 1.000-тиот гол
Тоа беше неговиот 977. погодок во професионалната кариера, што значи дека сега го делат уште само 23 гола од магичната бројка од 1.000 погодоци.
Во текот на кариерата Роналдо постигнуваше голови во дресовите на Спортинг, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Jувентус и Ал-Наср, како и за репрезентацијата на Португалија.
Минатата сезона беше најдобар стрелец на Ал-Наср со 28 првенствени погодоци, а уште со својот прв настап во новата сезона покажа дека и натаму останува една од клучните фигури во тимот.






