За време на нивното заедничко тимско патување во Словенија, кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс се третирани како големи ѕвезди.
Дончиќ ги поканил сите свои соиграчи од Лејкерс на одмор во Словенија, каде што ќе го спојат убавото со корисното пред да се вратат во тренинг-кампот во Америка.
Работниот дел од патувањето вклучува заеднички тренинзи во рамките на неофицијален миникамп, со цел да изградат подобра хемија во тимот пред претстојната сезона. Сепак, планирани се и многу забавни активности за да можат да уживаат во новата земја, која е непозната за речиси сите кошаркари на Лејкерс, освен за Дончиќ.
Меѓутоа една урнебесна снимка ги прикажува играчите на Лејкерс за време на прошетка со брод и навивачите кои скокаат во водата откако Џaред Вандербилт фрлил маица која не успеала да стигне до брегот. Еден навивач се обидел да ја дофати маицата, но случајно паднал во реката, што предизвикало смеа кај кошаркарите на Лејкерс.
Потсетуваме, Езерџиите ова лето останаа без еден од двајцата најголеми кошаркари на сите времиња – Леброн Џејмс, кој премина во Филаделфија Севентисиксерс. Тимот го напуштија и Маркус Смарт, Руи Хачимура и Лук Кенард.
На нивно место пристигнаа Вокер Кеслер, Квентин Грајмс и Зеир Вилијамс.





